Магазинот „Штерн“ изненаден од отпорноста на руските тенкови
Германските новинари ги споредија заштитните карактеристики на главниот руски и американски тенк и заклучија дека борбеното оклопно возило на САД е значително инфериорно во однос на руското. Тенкови ги спореди магазинот „Штерн“, кој излегува во Германија во тираж од 1 милион примероци.
Тенкот Т-90
Новинарите анализираа две видеа каде се тестира оклопот на тенковите М1 Абрамс и T-90. Нa видеото кое терористите го направиле во Ирак, се гледа како американскиот тенк се претвора во огнена топка кога е погоден од противтенковски проектил. „Очигледно, проектилот го погодил одделот за муниција и екипажот немал никакви шанси“, коментира изданието.
Притоа новинарите прецизираат дека во 2013 година исламистите успеале да уништат изненадувачки голем број М1 Абрамс тенкови во Ирак. На второто видео е снимено како американска ракета TOW погодува тенк Т-90 на сириската армија. Овој тенк има активна заштита која во текот на нападот не се користела. „Ракетата „фактички не го проби оклопот, а екипажот успеа да го напушти возилото“, изданието.