МО РФ: САД не доставија во Алепо „ниту трошка леб“
Ова беше коментарот на изјавата на портпаролот на Стејт департментот на САД Џон Кирби за тоа дека жителите на Алепо немаат полза од хуманитарните паузи кои ги воведува Русија.
Асад: Русија и САД не можат да бидат сојузници во Сирија
Жителите на Алепо добија од Русија прехранбени производи, лекови, предмети за лична употреба, истакна Конашенков. Стејт департментот за тоа време не им достави на Сиријците, за кои наводно многу се грижи, ниту трошка леб“, изјави тој, пренесува РИА „Новости“.
Според него, таквите изјави на американската администрација покажуваат колку се разликуваат поимите за „ползата“ од хуманитарните паузи во Москва и Вашингтон. За Русија, пред сѐ, тоа е помош за луѓето, потенцираше портпаролот на Министерството за одбрана на РФ.
„Затоа во текот на целата операција во борбата против меѓународниот тероризам во Сирија ние најголемо внимание посветуваме на помирувањето на страните и испорака на хуманитарна помош на Сиријците“, изјави тој.