Рогозин го исмеа планот на Киев и Кишинев за Приднестровје
Веста кој се појави денеска во медиумите во врска со подготвеноста на Украина да ѝ помогне на Молдавија во повлекување на руските мировници од Приднестровје, беше повод за духовит коментар на потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин.
Украина сака повлекување на руските сили од Приднестровје
„А со Русија и Проднестровје заборавија да се консултираат? Тоа звучи како Хондурас да ѝ ветил помош на Гватемала во повлекувањето на американските војници од Кореја“,напиша Рогозин на својот „Фејсбук“ профил.
Во медиумите денеска се појави информација дека Молдавија и Украина се договориле до крајот на годината да подготват заеднички план за повлекување на руската војска и оружје од Приднестровје, пренесува РИА „Новости“.