Групата бродови на „Адмирал Кузнецов“ избрка холандска подморница
Бродовите за борба со подморници од групата на носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ открија подморница на ВМФ Холандија и ја принудија да ја напушти областа. Ова за „Лента.ру“ го изјави од Одделот за информации и прес-служба портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков.
„Адмирал Кузнецов“ подготвен да нанесе удари во близина на Алепо
„На екипажите на големите противподморнички бродови „Североморск“ и „Вицеадмирал Кулаков“ не им беше потребен голем напор да ја откријат подморницата на растојание од 20 километри, користејќи ги стандардните хидроакустични системи и податоците добиени од пртивподморничките хеликоптери Ка-27ПЛ“, изјави Конашенков.
Бил воспоставен контакт со подморницата кој постојано се одржувал и покрај обидите за маневрирање на подморницата. Според Конашенков, бродовите повеќе од еден час го следеле движењето на подморницата и ја принудиле да ја напушти областа каде што се наоѓа борбената група на рускиот носач на авиони.