Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Ноябрь
2016

Македонска-руска стопанска комора потпиша договор со „Македонски дом“

0

На документот своите  потписите ги ставија Ѓорѓи Дика, претседател на Македонска-руската стопанска комора и Инна Владимировна Жарова,  генерален директор  на „Македонски дом“од Москва.

Во соопштението што го објави „Македонска-руска стопанска комора“ се наведува дека „соработката меѓу двата субјекта е остварена, меѓу другото, со поддршка и од страна на Амбасадата на Република Македонија во Руската Федерација, пред сѐ, имајќи ја предвид можноста за зголемување на меѓусебната трговска размена и развивање на соработката во областа на туризмот, за што постојат реални можности“.

„Преку „Македонски дом“ на големиот руски пазар веќе се пласираат првите количини македонски производи. Но, сега со потпишувањето на овој договор, со кој се создаваат партнерски односи со Македонска – руската стопанска комора, се отвараат можност далеку поголем број македонски компании своите производни програми да ги понудат во Русија. Затоа, во наредниот период со македонската деловна асоцијација активно ќе соработуваме на развивање на трговско-економските и туристички врски меѓу деловните луѓе од двете земји, создавајќи притоа услови размената да се зголемува, но и да се урамнотежува, бидејќи Република Македонија има сериозен трговски дефицит во размената со Руската Федерација“, истакна Инна Владимировна Жарова.

Руско-македонската соработка поседува голем потенцијал

Во овој момент македонското стопанство во Руската федерација претежно извезува производи од областа на земјоделско-прехрамбениот сектор и од фармацијата, но според Инна Владимировна Жарова, постојат можности и за пласман на стока и од други различни областа на индустријата, како и создавање на кооперативни односи со руските компании.

„Заеднички со рускиот партнер ќе ги интензивираме директните контакти меѓу деловните луѓе. За таа цел планираме заеднички посети на саемски манифестации, но ќе организираме и симпозиуми, тркалезни маси и конференции, што се треба да придонесе за зголемен проток на деловни информации кои се од битно значење за зголемување на размената. Се надеваме дека од сето тоа ќе произлезат и одредени руски инвестиции во земјава“,  истакна Ѓорѓи Дика.

Посебно е фокусиран ангажманот во развој на соработката во областа на туризмот. Како пример, Ѓорѓи Дика го спомена фактот дека во август годинава во Република Македонија престојувале само 551 гостин од Руската Федерација. Тоа не е ниту 1 отсто (поточно 0,9 отсто) од вкупниот број на туристи што ја посетиле земјава. Руските туристи во просек ноќевале по 3 ноќи и престојувале по 4 дена. Овие бројки се сѐ уште мали и безначајни и според претседателот на Македонска – руската стопанска комора, во иднина со „Македонски дом“ посебно ќе се обрне внимание на интензивирање на соработката со македонскиот туристички сектор во правец на зголемување на туристи од големиот туристички пазар, на кој постои значајна и потрошувачки настроена клиентела.

10 години успешна соработка

Во текот на неколкудневниот престој на менаџментот на „Македонски дом“ низ Македонија ќе бидат посетени низа македонски компании – производители на вино и алкохолни пијалаци, компании кои се занимаваат со туризмот, ресторани, како и места кои би можеле да бидат интересни за посета од страна на руски туристи. Инаку, според податоците на Државниот завод за статистика на Република Македонија обемот на стоковната размена со Руската Федерација до крајот на септември бележи опаѓање од 12,2 отсто. Во овој период двете земји меѓусебно тргувале стока во вредност од близу 129,5 милиони американски долари, додека лани тој износ бил 147,6 милиони долари.

Меѓутоа, во овој период македонските компании пласирале за 8,9 милиони долари повеќе стока на големиот руски пазар кој е под санкции од дел од меѓународната заедница. Извезени се производи за 32,2 милиони долари (лани 23,3 милиони долари) што е пораст за 38,4 отсто.

И увозот од Руската Федерација опаѓа за нешто повеќе од петтина (21,7 отсто). Македонските бизнисмени во Русија пазареле стока во вредност од 97,2 милиони долари (лани 124,3 милиони долари).

Со оглед на порастот на извозот и рапидниот пад на увозот, значајно е намален трговскиот дефицит на страната на Република Македонија во размената со Руската Федерација и во овој период тој изнесува 65 милиони долари (лани 101 милион долари).

 





Губернаторы России
Москва

Собянин: Москва и Пекин подписали программу сотрудничества на 2024-2026 годы





Москва

За прошедшую неделю подмосковные росгвардейцы обеспечили безопасность более 200 мероприятий


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин: Активно укрепляем отношения с Китаем



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Надежда Бабкина

"7Дней": певицу Бабкину заметили с молодым помощником после разрыва с мужем




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Военно-спортивный фестиваль Росгвардии в «Лужниках» собрал более 20 000 москвичей и гостей столицы

В Лужниках состоялась церемония открытия Всероссийской Спартакиады Специальной Олимпиады

Красногорск первым встретил участников международного супермарафона Москва-Минск


Людмила Самсонова

Людмила Самсонова не отдала голландскую траву // Она продолжила серию российских побед на теннисном турнире в Хертогенбосе



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Домодедово

Московский аэропорт Домодедово и Всероссийское общество инвалидов заключили соглашение о сотрудничестве



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России