Ле Пен: Европа мора да соработува со Русија ако сака да стане силна
„Русија е европска земја и ние подобро, ако сакаме силна Европа, да водиме преговори со Русија“, изјави Ле Пен во интервју за Би-Би-Си.
Одговарајќи на прашањето дали Русија не претставува потенцијална закана поради Крим, Ле Пен изјави: „Нема никакви причини за загриженост“.
Каква ЕУ ѝ е потребна на Русија?
Таа исто така го пофали „промислениот протекционизам“ на претседателот на РФ Владимир Путин, потенцирајќи дека рускиот лидер „ги штити интересите на својата земја, го брани нејзиниот идентитет“.
Коментирајќи ја победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, Ле Пен изјави дека тоа е „победа на народот над елитата“.
Претстојните претседателски избори следната година во Франција, според неа, ќе им дадат на жителите на земјата можност да изберат меѓу две цивилизации.
„Тоа е избор дали сакаме мултикултурно општество според моделот на англојазичниот свет, во кој се развива фундаменталистички ислам, или независна земја, во која луѓето можат да ја контролираат својата судбина“, објасни таа.