Медиум: МиГ-29 од „Адмирал Кузнецов“ се урна во Средоземното море
Ловец МиГ-29 се урнал во Средоземното море набрзо по полетувањето од носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ покрај бреговите на Сирија во неделата, соопштува „Фокс Њуз“ повикувајќи се на два извора.
Медиум: „Адмирал Кузнецов“ ги исплаши милитантите во Сирија
Се соопштува дека три руски МиГ-29 полетале од својот носач на авиони во правец на Сирија. Два авиона се вратиле, третиот не можел да слета на палубата и се урнал во водата.
Веднаш полетал хеликоптер за спасување, кој го кренал од водата пилотот со падобран. Состојбата на пилотот е непозната.
Авионот, најверојатно, премногу блиску се приближил до носачот на авиони, соопштува „Комбат Еркрафт“.