Уапсен министерот за економски развој на Русија Алексеј Уљукаев
Министерот за економски развој на Русија Алексеј Уљукаев е уапсен во текот на операцијата што ја спроведувала Федералната служба за безбедност на РФ. Според истрагата, тој добил 2 милиони долари за позитивна оценка на Министерството за економски развој, со што ѝ овозможил на „Роснефт“ да го купи контролниот пакет акции на „Башнефт“. Истражниот комитет на РФ наведува дека договорот за приватизација на „Башнефт“ не е предмет на истрагата – „Роснефт“ законски ја купил компанијата, пренесува „Взгљад“.
Путин назначи луѓе од безбедноста на клучни позиции
Претседателот на Русија Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев разговараа за случајот со Уљукаев. Како што соопштува прес-службата на руската влада, Медведев соопштил дека е потребно да се спроведе детална истрага.
Портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков од своја страна наведе дека Путин од самиот почеток знаел за специјалната операцијата против министерот.
ФСБ почнало ова лето да го прислушкува телефонот на Уљукаев. Во неговите разговори со претставници на „Роснефт“, во текот на разговорите за приватизацијата на „Башнефт“, се слушнале закани. Тоа била основат за започнување на кривичната истрага.