Путин имаше телефонски разговор со Трамп
Се истакнува дека Путин уште еднаш му ја честитал победата на Трамп на изборите и му посакал успех во реализацијата на предизборната програма. Рускиот лидер ја истакнал подготвеноста на Москва за партнерски договор со новата администрација „врз принципи на рамноправност, заемно почитување и немешање во внатрешните работи на другиот“.
Америка на Трамп се среќава со Русија на Путин
Страните се согласиле дека во моментов руско-американските односи преживуваат сложен период и се заложиле за активна работа за нивна нормализација, се вели во соопштението на прес-службата. Особено, соговорниците ја истакнале важноста на развојот на трговско-економските врски и обединување на напорите во борбата против меѓународниот тероризам.
Путин и Трамп се договориле да ги одржуваат контактите по телефон, а во иднина да се сретнат и лично. Со подготовката на средбата ќе се зафатат претставниците на страните, пренесува РИА „Новости“.
