Медиум: Трамп може да го обнови договорот со Русија за Сирија
Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп може да го обнови договорот со Русија од септември за заеднички воздушни напади против терористите во Сирија, пишува „Вашингтон Тајмс“ повикувајќи се на претставници на Пентагон и Стејт департментот.
Путин имаше телефонски разговор со Трамп
Претставници на војската и дипломатите велат дека се подготвени да се придржуваат кон која било политика која ќе ја наложи новата администрација, но „извори блиски на ситуацијата велат дека на идната соработката со Москва ќе се фокусира на заживување на планот на администрацијата на Обама за заеднички воздушни напади со Русија во Сирија“, соопшти изданието.
„Ние бевме подготвени да дејствуваме, ќе бидеме подготвени повторно“, ги цитира изданието зборовите на претставник на Пентагон.
Претставникот на Стејт департментот изјави дека планот, кој беше претставен во септември и вклучуваше формирање на Заеднички извршен центар на РФ и САД за планирање напади врз објекти на милитантните, најверојатно, ќе ѝ биде претставен на новата администрација, соопштува изданието. Сепак, изворот истакнува дека никој не знае какви активности ќе преземе Трамп. „Во моментов тоа се шпекулации“, изјави изворот.