Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Ноябрь
2016

Што мисли за Путин тимот на Трамп

0

Познато е дека Доналд Трамп се залага за подобрување на односите со Русија

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп во повеќе наврати даваше позитивни изјави во врска со Русија. Путин го окарактеризира како силен лидер, споменуваше дека САД и Русија треба заедно да се борат против ИДИЛ и најавуваше дека ќе ги разгледа прашањата поврзани со санкциите и со признавањето на Крим како дел од Русија. Но, во опкружувањето на Трамп постојат и такви кои своите ставови ги немаат ускладено со реториката на својот лидер и остро ја критикуваат Москва.

„Добар и лош полицаец“

Еден критичар на руската политика сигурно ќе биде во идната администрација на Трамп. Тоа е новоизбраниот потпретседател Мајк Пенс. На потпретседателската предизборна дебата одржана на 4 октомври овој републиканец неочекувано ја искритикува Русија, и тоа многу поостро од својот соперник, демократот Тим Кејн.

Зборувајќи за сирискиот проблем, Пенс изјави дека „провокацијата на Русија треба да се пречека со американска сила“, и допушти можност за воздушен удар врз трупите на рускиот сојузник Ал Асад, што е во голем контраст со изјавите на Трамп за можен сојуз со Русија против ИДИЛ. Во истата дебата Пенс за Путин рече дека тој е „мал и малтретирачки лидер“ и нагласи дека слабоста на Обама е единствената причина за успехот на Москва на меѓународната политичка сцена.

Како реагираше Русија на изборот на Трамп

Аналитичарот на Bloomberg Леонид Бершидски претпоставува дека расчекорот во реториката на Трамп и на Пенс може да биде од две причини: или тие двајца функционираат според принципот „добар и лош полицаец“, односно едниот намерно го фали, а другиот намерно го критикува Путин, или тие навистина во врска со ова прашање имаат различни ставови. „Тоа исто така може да значи дека во администрацијата на Трамп ќе се водат дебати во врска со можноста за соработката со Путин“, напиша Бершидски во октомври.

Што вели идниот државен секретар?

Евгениј Минченко, експерт за политички технологии и директор на комуникацискиот холдинг „Минченко Консалтинг“ во разговор со новинарот на „Руска реч на македонски“ истакна дека меѓу приврзаниците на Трамп, како што е Пенс, постојат и други политичари кои се залагаат за одвраќање на Русија. Во оваа група, вели Минченко, припаѓа и човекот кому, судејќи според соопштенијата на американските медиуми, може да му биде доверена функцијата државен секретар.

Њутн Гингрич / AP

Имено, Ен-Би-Си проценува дека Трамп за шеф на Стејт департментот ќе го постави ветеранот на Републиканската партија Њутн Гингрич, кој во април 2014 година велеше дека Русија најверојатно ќе ги нападне земјите каде (како на Крим) живеат етнички Руси и дека е неопходно да се одврати оваа опасност. Освен тоа, се вели дека тој ја поддржува испораката на оружје за Украина со цел да се осигури безбедност на Европа.

„Проруски табор“

Од друга страна, според Евгениј Минченко, во тимот на Трамп постојат и луѓе кои се приврзаници на соработката со Русија и за тоа зборуваат отворено како и Трамп. Тоа е пред сè Мајк Флин, поранешен шеф на Воената разузнавачка служба (DIA), кандидат за функцијата советник за национална безбедност. Флин смета дека Москва е важен актер на Блискиот Исток кој може да влијае врз Иран.

Мајк Фли. / AP

Поранешниот разузнавач е уверен дека Москва и Вашингтон треба да престанат со „покажувањето мускули“ и да се свртат кон тесна соработка на Блискиот Исток. „Препукувањата помеѓу САД и Русија не донесоа никаква корист, само го продлабочија конфликтот“, изјави Флин во емисија за државната телевизија RT во декември 2015 година.

Во поддржувачите на подобрување на односите со Русија Минченко го вброи и Џеф Сешнс за кого новинската агенција Politico  смета дека е можен кандидат за местото министер за одбрана. Сешнс во предизборната кампања ги поддржа изјавите на Трамп за дијалог со Русија: „Треба да најдеме начин како да го завршиме ова непријателство кое ја турка нашата земја во опасност и нè чини милијарди долари“.

Џеф Сешнс / Ројтерс

Проблемот не е во администрацијата, ами во парламентот

Ричард Вајц, директор на Центарот за военополитичка анализа при институтот Хадсон, констатира дека и покрај разликите во ставовите што се забележуваат во тимот на Трамп, одлучувачко ќе биде гледиштето што го има самиот претседател.

Зошто иднината на МВС зависи од Доналд Трамп

„Верувам дека избраниот претседател Трамп искрено сака да ги подобри односите со Русија и дека планира да внесе измени во политиката во врска со ова прашање за да ја постигне целта“, изјави Вајц за „Руска реч на македонски“. „Некои луѓе под влијание на претходните функции изразија поинакви ставови од оние на Трамп, меѓу другото и во однос на Русија. Но, тие на крајот ќе ја реализираат политиката што ќе ја усвои Белата куќа“.

Евгениј Минченко смета дека на Трамп најголем отпор во изградбата на односите со Русија ќе му пружи парламентот, каде доминира фракцијата на републиканските „јастреби“ кои секогаш имаат негативен однос кон Русија. За да се промени политичкиот курс кон Русија, Доналд Трамп ќе мора да најде некаков компромис со својата партија.





Губернаторы России
Москва

Собянин рассказал о росте турпотока из Китая





Москва

За прошедшую неделю подмосковные росгвардейцы обеспечили безопасность более 200 мероприятий


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин: Москва и Пекин подписали программу сотрудничества на 2024-2026 годы



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Жанна Агузарова

Жанну Агузарову -награждённую титулом «Легенда вне времени» вырезали




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Красногорск первым встретил участников международного супермарафона Москва-Минск

В Лужниках состоялась церемония открытия Всероссийской Спартакиады Специальной Олимпиады

Резидент «Инсайт Люди» Дмитрий Зубов установил мировой рекорд по чеканке мяча


Большой шлем

Рублёв и еще два российских теннисиста не сыграют на Олимпиаде в Париже



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

ЯНДЕКС, АЛЕКСАНДР ПУШКИН, АНАТОЛИЙ ГОЛОД И "СВЯТОЙ ЛЕНИН" ВЕДУТ СЛЕДСТВИЕ ВЕКА! ВАЖНЫЕ СЕРЬЁЗНЫЕ ДАННЫЕ.



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России