Авијацијата од „Адмирал Кузнецов“ уништи десетици терористи на „Ан Нусра“
Како што соопшти Конашенков, во вторникот, како резултат на „масовен огнен удар“, терористите на „Џебхат ан Нусра“ претрпеле сериозни загуби, пренесува РИА „Новости“.
Според генералот, по неколку разузнавачки канали се потврдува загинувањето на не помалку од 30 терористи, вклучувајќи ги командирите Мухамед Хелал, Абу Џабер Хармуж и Абул Бах Ал-Асфари, кои планирале офанзива на Алепо. Ал-Асфари бил одговорен за обединувањето на остатоците од резервите на „Џебхат ан Нусра“ во Алепо и Хама.
Како што изјави претходно неделава министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, Русија започна голема операција со напади врз позициите на „Исламската држава“ и „Џебхат ан Нусра“ во провинциите Идлиб и Хомс.
Зошто Адмирал Кузнецов ќе нанесе удар на Алепо токму сега?