Путин:Ќе сториме сѐ за зачувување на стратешкиот баланс на силите во светот
„Нашата задача е ефикасно да ги неутрализираме сите воени закани по безбедноста на Русија, вклучително и оние поврзани со создавањето стратешка противракетна одбрана, реализација на концептот на глобален напад и водење информативни војни“, изјави рускиот лидер, пренесува РТ на руски.
Како РФ ќе одговори на модернизацијата на нуклеарните сили на САД во Европа
Путин исто така додаде дека Русија ќе стори сѐ за да го задржи стратешкиот баланс на силите во сферата на безбедноста.
„Ние и понатаму ќе правиме сѐ што е потребно за да обезбедиме стратешки баланс на силите“, истакна шефот на руската држава.
Тој ги нарече „крајно опасни“ обидите за промена и нарушување на тој баланс.