Песков: можна средба меѓу Путин и Обама во Перу
Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Барак Обама, може да остварат средба „на нога“ во текот на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕС) во Перу во саботата навечер или на еден од настаните во неделата, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
Америка на Трамп се среќава со Русија на Путин
„Тие на еден или друг начин за време на самитот ќе се сретнат. Односно денеска, ако се сретнат на вечерата - тоа е првиот заеднички настан. Затоа што на деловниот консултативен совет, колку што знаеме, Обама нема да присуствува. А и утре цел ден“, изјави Песков, додавајќи дека нема договорот за посебен состанок, пренесува „Интерфакс“.
Претходно во саботата Путин пристигна во Перу за учество на самитот на АПЕС. Рускиот претседател првпат е во посета на оваа јужноамериканска држава.