Иран подготвен да ѝ ја отстапи на Русија базата во Хамадан
Министерот за одбрана на Иран Хосеин Дехган изјави дека Техеран би можел повторно да ѝ ја отстапи на руските авиони авиобазата „Шахид Ноже“ во Хамадан, пренесува агенција „Тасним“.
Министерството за одбрана на Русија потврди дека ја напушта базата во Иран
„Доколку тоа го бараат ситуацијата и условите (во Сирија), доколку биде потребна поддршка, ние ќе го сториме тоа“, изјави Дехган, пренесува РИА „Новости”.
Покрај тоа, Дехган соопшти дека Министерството за одбрана на Иран ја разгледува можноста за набавка на руски ловци Су-30. Како што наведе министерот, набавката на ловци Су-30 веќе се наоѓа на агендата на иранскиот воен ресор, пренесува „Независимаја газета“.