Путин двапати за два дена разговараше со Ердоган за Сирија
„Денеска се одржа телефонски разговор меѓу претседателот на Руската Федерација Владимир Путин и претседателот на Република Турција Реџеп Ердоган, во текот на кој продолжи размената на мислења за ситуацијата во Сирија“, се вели во соопштението на прес-службата на Кремљ.
Неколку месеци жестока пропаганда не можат да исчезнат без трага
Според оценката на Кремљ, размената на мислења била конструктивна, пренесува „Лента.ру“.
Претходниот разговор меѓу шефовите на државите се одржа на 25 ноември на иницијатива на турската страна. Путин и Ердоган разговараа за трговско-економската соработка и ситуацијата во Сирија. Тие се договорија да продолжат да ги координираат напорите во борбата со меѓународниот тероризам.
Путин, исто така, му изрази на претседателот на Турција сочувство за загинувањето на турските војници во Сирија. На 24 ноември Анкара го обвини Дамаск за воздушен напад врз турските сили кои се наоѓаат на сириска територија во кој загинаа тројца војници, а уште 10 беа ранети.