Поранешен директор на ЦИА е за решение во Сирија со помош на Русија и Асад
„Конечното решение на конфликтот во Сирија треба да подразбира учество на сите клучни фактори во регионот, вклучувајќи ги силите на сунитската опозиција, сириските Курди и, реално, сирискиот режим, кој е поддржан од Русија“, изјави Петреус во програмата на телевизијата Еј-Би-Си, пренесува „Взгљад“.
Русија достави повеќе од 150 тони хуманитарна помош во Алепо
Тој ја потенцира важноста од „продолжување на дискусијата со Русија, со што во моментов се занимава државниот секретар на САД Џон Кери“. „Таквите дискусии се неопходни“, додаде Петреус.
Претходно во неделата сириската армија со поддршка воспостави целосна контрола над квартот Мејсар во источниот дел на Алепо.