МО РФ: ОН ја запреа помошта за источниот дел на Алепо
Хуманитарната помош од Обединетите нации не стигнува во ослободените реони на источен Алепо, организацијата престана да нуди помош откако тие реони беа ослободени од терористите, изјави во петокот портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков, пренесува ТАСС.
Претходно советникот на специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за Сирија за хуманитарни прашања Јан Егеланд изјави дека Русија и Сирија го одбиле барањето на ООН за воведување на хуманитарни паузи.
Лавров ги обвини САД за ситуацијата во Алепо
„Откако владината војска ослободи преку 40% од источните квартови на градот во кои живее околу 90 илјади населени, сите предлози за доставување хуманитарна помош во источно Алепо престанаа. За жал, во ослободените реони на источно Алепо нема хуманитарна помош на ООН. Ние не знаеме за кои 27-30 илјади жители кои наводно ја добиваат Егеланд зборуваше за агенцијата „Ројтерс“, изјави Конашенков.
Конашенков исто така потсети дека офицерите на рускиот Центар за помирување секојдневно испорачуваат во градот тони храна, лекови и други неопходни работи.
„Очекуваме дека советникот на специјалниот пратеник на ОН господин Егеланд од празни зборови најпосле ќе помине на реални активности за давање хуманитарна помош на населението во источните реони на Алепо“, додаде портпаролот на Министерството за одбрана на РФ.