Лавров: Москва и Рим се за почитување на хуманитарното право во Алепо
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Москва и Рим се залагаат за почитување на меѓународното хуманитарно право во Алепо и другите проблематични региони, пренесува „Газета.ру“.
МО РФ: Западот е слеп при оценувањето на ситуацијата во Алепо
„Во однос на меѓународните работи, разменивме мислења и за ситуацијата на Блискиот Исток и Северна Африка, особено внимание беше посветено на сириското решение“, изјави Лавров по средбата со неговиот италијански колега Паоло Џентилони.
Тој исто така додаде дека во текот на разговорите била дискутирана и ситуацијата околу сириски Алепо.
„Нашата заедничка позиција се состои во потребата од безусловно почитување на меѓународниот хуманитарен план“, резимираше рускиот министер.