Набиулина: повисоки цени на нафтата ќе создадат илузија на благосостојба
Првиот човек на Централната банка на Русија Елвира Набиулина смета дека динамиката на цените на нафтата ќе продолжи да врши притисок врз руската економија, соопштува „Газета.ру“.
„Лукоил“ предвидува двојно зголемување на побарувачката на нафта
„Динамиката на цените на нафтата ќе продолжи да биде главен ризик за руската економија поради сѐ уште ниската диверзификација на руската економија“, изјави таа.
Набиулина истакна дека ако цените на нафтата се зголемат, тоа сепак „нема да ги излечи“ внатрешните проблеми на руската економија, туку ќе создаде привид на обновена благосостојба.
Според неа, ако ништо не се смени и продолжи да се заснова врз извозот на јаглеводороди, тоа може да се врати со стагнација со ниски стапки на раст и интензивирано заостанување зад развиените земји.