Русија ја обнови дивизијата која го зазеде берлинскиот Рајхстаг
„Сакам да истакнам дека од вчера на 150 моторизирана дивизија пристапи кон извршување на задачите за заштита на границите на југот на земјата“, ги цитира „Взгљад“ зборовите на Шојгу.
Кој ѝ ги „истури цревата“ на Хитлеровата воена машинерија?
Во септември командата на 150 Дивизија веќе учествуваше во воените вежбите „Кавказ 2016“.
На 4 мај министерот за одбрана, генерал на армија Сергеј Шојгу изјави дека во Западниот воен округ ќе бидат формирани две нови дивизии, а уште една во Јужниот за спротивставување на зголемувањето на силите на НАТО во близина на руските граници.
На 24 март извор во штабот на Јужниот воен округ соопшти дека на изјави дека до крајот на годината во Ростовската област ќе биде формирана моторизирана дивизија која ќе брои околу 10 илјади војници. Подоцна, извор во Генералштабот на ВС РФ прецизираше дека единицата ќе биде именувана според легендарната 150 Идрицко-Берлинска моторизирана дивизија која го зазеде берлинскиот Рајхстаг на крајот на 2 Светска војна.