Захарова: Москва нема илузии околу Трамп
„Ми се допаѓа како оние, кои последниве шест месеци во Русија ја поддржуваа Хилари Клинтон, сега се плашат од доаѓањето на Доналд Трамп: „Ќе видите, ќе биде лошо за Русија“. Чудна логика, со оглед на тоа дека ја поддржуваа Хилари Клинтон оние руски граѓани кои сакаа „за Русија да биде полошо“ – токму таа многу примамливо ветуваше дека ќе го реализира тоа. Тие не знаат многу за тоа „како“ таа ќе го стори тоа, „што ќе биде потоа“ и „каде сето тоа ќе нѐ одведе“. Тие само сакаа да се започне нешто што ќе доведе до содржинската и атрактивна формулација на Евгенија Албац: во 2018 година Русија ќе пропадне. А на Хилари Клинтон во тој процес ѝ беше доделена централната улога“, напиша Захарова на „Фејсбук“.
Русите повторно сакаат да се дружат со Западот
„Ако зборуваме сериозно, се разбира, по доаѓањето на новиот тим не се очекува никаква „прослава на пријателството, братството и правдата“. Никој нема никакви илузии“, додаде таа.
„Но треба да се разликува нарачаната антируска кампања од одбраната на своите национални интереси. Прво, не е толку деструктивно за Русија колку за целиот свет, затоа што на светот му треба рамнотежа. Второ, тоа е нормален работен процес, кој не е лишен од различни нус-појави“, потенцира Захарова.
