Чеченски спецназ заминува за Сирија
Како што изјавија неколку информирани извори во Министерството за одбрана на Русија, на крајот на ноември „Исток“ и „Запад“ беа реорганизирани во баталјони на воената полиција (ВП) и подготвени да бидат испратени во Сирија. Војниците добија црвена беретка и ознаки ВП. До крајот на декември воените единици ќе завршат со распоредувањето и ќе пристапат кон обезбедување на руските воени објекти, пренесува „Взгљад“.
Вишиот предавач на Високата школа за економија, ориенталистот Леонид Исаев изјави дека Чеченците се сунитски муслимани, односно со иста вера како и поголемиот дел од населението на Сирија, и тоа треба да ја олесни нивната соработка со локалното население, но поважна е репутацијата на Чеченците, која ќе натера секого да размисли двапати пред да дојде во контакт со нив.
„Современи претстави за Чеченците ги формираа медиумите во 1990-те години“, истакнуваа ориенталистот. „Арапите малку ја познаваат географијата на Русија, но речиси сите знаат за Чеченија и за војната таму. Чеченците имаат имиџ на бестрашни и сурови воини кој силно се потврди во текот на сегашната војна во Сирија. На страната на Асад се бори цел баталјон доброволци од Чеченија“, изјави Исаев.