Премиерот на Финска ги кажа условите за укинување на санкциите
Премиерот на Финаска Јухи Сипила ги наведе условите за укинување на санкциите на ЕУ против Русија, соопшти во саботата финската радиотелевизија „Иле“.
„Укинувањето на санкциите е можно само со едногласно одобрување од ЕУ, а тоа нема да се случи сѐ додека не биде исполнета „Минската спогодба“, изјави премиерот Сипила.
Тој со скептицизам го оцени можното укинување на санкциите поради главната причина – отсуството на напредок во реализацијата на „Минската спогодба“, истакнува „Иле“.
Како да се решат несогласувањата помеѓу Русија и Западот?