Фалон: Не можеме да ја сметаме Русија за рамноправен партнер
Министерот за одбрана на Велика Британија Мајкл Фалон е подготвен да соработува со Москва за решавање на ситуацијата во Сирија, меѓутоа ја смета Русија за стратешки конкурент на Западот.
„Подготвен сум да работам со новиот министер за одбрана (на САД) Џејмс Матис... за деескалација на напрегнатоста во односите со Москва и, како што реков, да продолжам да работам со Русија на тоа како да се реши конфликтот во Сирија“, изјави тој во интервју за британски Би-Би-Си, пренесува „Ројтерс“.
„Притоа не смееме да се однесуваме спрема Русија како спрема рамноправна (страна). Русија е стратешки конкурент за нас и ние треба да го сфатиме тоа“, додаде Фалон.
Како да се решат несогласувањата помеѓу Русија и Западот?