Обама вети одговор на „мешањето“ на Русија во изборите во САД
„Сметаме дека несомнено треба да преземеме мерки кога владата на која било земја се обидува да влијае на објективноста на нашите избори, и ќе преземеме мерки“, изјави Обама во интервју за радиото Ен-Пе-Ер.
„Руските хакери” се разочарани сопартијци на Клинтон
Според него, САД ќе одговорат „во време и на место кое тие ќе го изберат“.
„Нешто од тоа може да се објави во јавноста, нешто – не. Господинот Путин е добро информиран за моите чувства по тој повод, затоа што директно разговарав со него за тоа“, потенцираше Обама, пренесува РИА „Новости“.