Памела Андерсон размислува за руско државјанство
„Ја сакам Русија, ми се допаѓа да доаѓам овде, чувствувам блискост со руската култура. Имам канадски и американски пасош, зошто да не добијам и руски пасош?“, изјави Памела Андерсон, инаку член на советодавниот Меѓународен фонд за заштита на животните, пренесува „Рамблер“.
Актерот Стивен Сигал доби руско државјанство
Андерсон исто така ги истакнува своите руски корени од мајчина страна.
Рускиот претседател Владимир Путин досега им има доделено руско државјанство на актерите Жерар Депардје и Стивен Сигал, како и на боксерот Рој Џонс Јуниор.