Трагедија во Иркутск
Како што соопшти прес-службата на ГУ МВР за Иркутската област, припадниците на полицијата и иследниците на Истражниот комитет на Русија во Иркутск провериле повеќе од 200 места за продажба на алкохол, вклучително и пазари на големо и мало, при што се одземени околу 2 илјади шишенца на средството „Бојаришник“, пренесува „Взгљад“.
Според зборовите на лекарите, повеќето настрадани пристигаат во коматозна состојба. Од моментот на употреба до појава на симптомите на труење поминуваат од еден до 24 часа, во зависност од количината на испиената течност и индивидуалните особености на организмот.
Како да пиете вотка со Руси, а да не се опиете
Тинктурата „Бојаришник“ според законот може да се продава само во аптека. Течниот „Бојаришник“ не е наменет за орална употреба, туку претставува лосион за капење кој содржи алкохол.
Во меѓурегионалната управа на „Росалкогољрегулирование“ соопштија дека во состав на концентратот имало метанол и антифриз. Течноста била произведена во Санкт Петербург според фалсификуван документ.
Поднесена е кривична пријава. Приведени се седум лица, од кои двајца претприемачи“, пренесува „Лента.ру“.