Лавров ја наведе целта на убиството на амбасадорот на Русија во Анкара
Целта на убиството на рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов е да се поткопа нормализацијата на односите меѓу Москва и Анкара, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.
Путин го нарече провокација убиството на рускиот амбасадор во Турција
„Како што кажа претседателот на Русија Владимир Путин во разговорот со претседателот на Турција Таип Ердоган и во своето телевизиско обраќање, ние сме убедени дека основната цел на оние кои го замислија овој варварски чин е е поткопување на процесот на нормализација на односите меѓу Русија и Турција“, изјави Лавров.
Шефот на рускиот дипломатски ресор истакна дека тоа е направено за да се попречи борбата со тероризмот во Сирија.
„Таа цел е залудна. Нема да помине“, додаде Лавров, пренесува РИА „Новости“.