Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Декабрь
2016

Русија повеќе никогаш нема да војува на своја територија

0

Суштината на конфликтот помеѓу САД и Русија

Нивото на заемната недоверба помеѓу Америка и Русија сега го достигна врвот. Вакво нешто се нема случено ниту во времето на Студената војна. Објективните несогласувања, всушност, и не се толку големи, зашто ние практично немаме за што да се караме. Коренот на овие проблеми треба да се бара во тоа што Америка на светската политичка сцена ја „изгуби битката“ во претходната деценија, и е особено нервозна поради тоа што самата е виновна за тоа. Во тој контекст во светот се појавија други сили и тие сакаат да го изменат повоениот поредок. Тоа е пред сѐ Русија, на која овој наметнат поредок не ѝ се допадна. За волја на вистината, Кина сега го прави истото, но од американски агол тоа не изгледа претерано дрско. Со други зборови, суштината на несогласувањето не е во тоа што Русија е незадоволна со стариот поредок, а новиот сѐ уште не е воспоставен. Работата е во тоа што Америка сака да се врати на стариот поредок, а тоа е невозможно.

Политиката на Русија, засега, фала Богу, победува. Но, победата во овој свет е мошне релативна работа зашто сѐ бргу се менува. Многу е подобро да се победува заедно, одошто одделно. Во идеалниот американски свет Русија би била дел од атлантското друштво, би ја спроведувала вашингтонската политика и не би се истакнувала многу. Меѓутоа, сега Русија е најголем предизвик за американскиот поредок, и САД ќе мораат да се прилагодат на тоа. Тој процес е историски, тој е објективен, така што Американците ќе мораат да се прилагодат. Најважно е овој процес паметно да се насочува, за некаде патем да не навлеземе во нова глобална војна. Веројатноста за таков исход сега е мошне голема. Многу е поголема одошто во кој било момент од шеесеттите години од минатиот век.

Руско-американскиот „луд воз“

Не постои „светска влада во сенка“

Јас имам сосема јасна претстава за процесите кои управуваат со светот и знам дека не постои никаква „влада во сенка“. Масонеријата или Коминтерната навистина можеа некако да влијаат на светските проблеми. Но, тоа беше некогаш. Кога би постоела идеална глобална влада, тогаш би било јасно што треба да се прави – треба да се решаваат кризите, да се управува со миграциските текови, да ѝ се помогне на Африка поради сиромаштијата, болестите и политичката нестабилност да не биде генератор на миграции и на епидемии... Потребна е борба против загадувањето на природата, потребно е да се вложат напори за помирување на Блискиот Исток... За волја на вистината, таму е веќе доцна за помирување.

Доколку НАТО реши да нападне нуклеарна сила, ќе биде казнет

Русија не може да се вклопи во систем како потчинет член на некаква заедница. Таа може да се третира само како коорганизатор на мировниот процес. Русите имаат две вредности од кои никогаш нема да се одречат, тоа се безбедноста и суверенитетот. <...> Една земја што има вакви вредности никој не може да ја потчини. Во Русија е силно изразена свеста за неопходноста за одбрана. Ние треба да бидеме подготвени на сѐ. Со тоа се објаснува и карактерот на пропагандата, која понекогаш е масовна. А, што прави Западот? Тој само ја демонизира Русија, мисли дека се закануваме со агресија. <...> Се смета дека земји како што се Полска, Литванија и Латвија ќе се чувствуваат безбедно доколку НАТО таму го лоцира своето оружје. Но, тоа воопшто не им помага, а ние ваквиот чекор го оценуваме како провокација. Доколку дојде до криза, токму тоа оружје ќе биде уништено. Русија повеќе никогаш нема да војува на своја територија... Приказните за тоа дека ние сакаме да ги нападнеме балтичките земји се чист идиотизам. Зошто НАТО таму го префрла оружјето и воената техника? Замислете што ќе се случи со нив во случај на криза. Помошта на НАТО не е симболична помош на балтичките држави, ами провокација. Доколку НАТО одлучи да нападне нуклеарна сила каква што е Русија, ќе биде казнет.

Евроазискиот проект и односите со Европа

Многумина мои колеги малку ги презираат нашите европски партнери. Јас секогаш ги предупредувам дека не треба да се биде надмен и вообразен. На дел од европските елити му е потребна конфронтација со нас. Поради тоа ние сега не можеме да ѝ помогнеме на Европа, иако би можеле да го сториме тоа во сегашната ситуација со бегалците. На пример, сега е неопходно заедничко затворање на границите, а Русите во оваа смисла се многу поефикасни од Европејците. Но, вие, Европејците, се нагодувате со Турција, и тоа е срамно. И ние имавме проблеми со Турција, но кон неа спроведувавме јасна и цврста политика која даде плод.

Зошто Русија инсистира на Евроазиската унија

Два најважни темели за изградбата на европскиот проект се надминување на историјата на борбите на континентот и на спротивставување на комунизмот. Светот во кој тој настана повеќе не постои, но доколку европскиот проект пропадне, нам тоа ништо добро нема да ни донесе. Можеби ќе добиеме некои тактички можности, односно ќе можеме да го искористиме несогласувањето и да привлечеме определени земји на своја страна, што и се случува сега. Меѓутоа, на крајот на сето тоа Европа може да стане многу потежок партнер одошто е сега, и мошне поопасен. Може да се случи по десет години ние да се најдеме помеѓу Блискиот Исток каде ќе продолжи нестабилноста, и Европа во која нестабилноста ќе блика.

Сметам дека европските проблеми ќе мора да се решаваат не само во ново географско, ами и во ново идеолошко милје. Тие нема да можат да се решат на стариот начин. Концепцијата „Голема Евроазија“, која сега Русија официјално ја промовира, токму и е насочена кон нов начин на решавање на проблемите. Таа се разликува од обичниот евроазиски проект кој одамна постои. Имено, новата концепција го опфаќа и западниот „истурен завршок“ на Евроазискиот континент.

Сметаме дека од морално гледиште Русија има право, за разлика од Советскиот Сојуз. Поради тоа, од наша страна нема да има принципиелни отстапки. Во ментална смисла, Русија денес стана евроазиска сила. Јас бев еден од интелектуалните иницијатори на свртувањето кон Истокот. Меѓутоа, денес не сметам дека треба да ѝ го свртиме грбот на Европа. Треба да бараме патишта кои ќе им овозможат на нашите односи со Европа да им се даде нов живот.

Сергеј Караганов е декан на Факултетот за светска економија и светска политика при Националниот истражувачки универзитет „Виша школа за економија“ и почесен претседател на Президиумот на Советот за надворешна и одбранбена политика.

Современата демократија на Запад не е прилагодена на новите трендови





Губернаторы России
Москва

Сергей Собянин: Активно укрепляем отношения с Китаем





Москва

За прошедшую неделю подмосковные росгвардейцы обеспечили безопасность более 200 мероприятий


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Москва-Пекин. Собянин в Китае подписал соглашение о сотрудничестве



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Бато Багдаев

Театр и Цирк, Культура и Концерт, Россия и Дети: «Волшебный платок бабушки Дари» - это захватывающее путешествие в мир бурятской сказки, которое не оставит равнодушным ни одного зрителя




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Резидент «Инсайт Люди» Дмитрий Зубов установил мировой рекорд по чеканке мяча

В УФСИН России по Республике Дагестан прошли лично-командные соревнования по легкой атлетике

Военно-спортивный фестиваль Росгвардии в «Лужниках» собрал более 20 000 москвичей и гостей столицы


Андрей Рублёв

Теннисисты Рублев, Хачанов и Самсонова не сыграют на Олимпиаде-2024



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России