Алепо под целосна контрола на сириската армија
„Оваа победа е стратешка и има важно пресвртно значење во борбата со тероризмот од една страна и уништувачки удар за проектот на терористите и оние кои ги поддржуваат“, се истакнува во изјавата што ја пренесува РИА „Новости“.
Во Египет приведен автор на режирани видеа за „ранетите деца на Алепо“
Во четвртокот колона возила, составена од 15 автомобили и 4 автобуси, ја одвезе од источно Алепо последната група милитанти.
Евакуацијата на милитантите почна на 15 декември, но беше запрена следниот ден, откако милитантите го прекршија договорот и се обидоа да одвезат со себе заробеници и оружје. Според различни податоци, во текот на евакуацијата, источно Алепо го напуштиле околу 40000 луѓе, вклучувајќи и милитанти.
Како што потенцираше претседателот на Сирија Башар Асад, ослободувањето на Алепо од терористите е заслуга на сириската армија и сите нејзини сојузници, особено на Русија и Иран.