Во Амурската област почна изградбата на мост меѓу Русија и Кина
Изградбата на мост преку реката Амур меѓу Русија и Кина почна во Благовешченскиот реон на Амурската област, соопшти за РИА „Новости” претставник на управата на регионот.
„Одржана е свечена церемонија, означен е почетокот на изградбата на прекуграничниот мост преку реката Амир. Во церемонијата учествуваа губернаторот на Амурската област и претставници на власта на провинцијата Хеилунгчанг”, изјави соговорникот на агенцијата.
Пријателите и непријателите на Русите
Подготовките за изградба на мостот траеја повеќе од 20 години. Според планот, новиот пограничен мост ќе биде изграден за три години и би требало да биде отворен за сообраќај во 2019 година.
Како што претходно соопшти претставник на управата за сообраќај на кинеската провинција Хеилунгчанг Пан Јан, планираната вредност на проектот е 2,47 милијарди јуани (око 355,6 милиони долари). Според него, мостот ќе биде со должина од 19,9 километри.
Според информациите на агенцијата China News Service, 6,5 километри од мостот ќе се наоѓаат на територијата на Кина, а 13,4 километри на територијата на Русија. Мостот ќе биде широк 14,5 метри.