Путин и Рухани дискутираа за ситуацијата во Сирија
Претседателот на Русија Владимир Путин разговараше со претседателот на Иран Хасан Рухани за ситуацијата во Сирија, се соопштува на сајтот на Кремљ.
МНР РФ: САД им помагаат на деструктивните сили во Сирија
Соговорниците потенцираа дека успешното завршување со заеднички напори на операцијата за ослободување на Алепо од милитантите претставува важен чекор на патот до целосната победа над меѓународниот тероризам во Сирија и воспоставување на мирот во таа земја, пренесува „Лента.ру“.
Претседателите се договорија да ја продолжат тесната координација во прашањата за помош за постигнување на политичко решение на сириската криза, како што е одржувањето на преговорите во Астана со цел постигнување конкретен договор.
Рухани исто така изрази искрено сочувство во врска со убиството на амбасадорот на Русија во Турција Андреј Карлов.