МНР РФ: САД им помагаат на деструктивните сили во Сирија
Администрацијата на претседателот на САД Барак Обама во својата намера да ја смени власта во Сирија е подготвена да им помогне на сите деструктивни сили, вклучително и на групата „Џебхат ан Нусра“, се вели во коментарот на МНР РФ во врска со новите антируски санкции на САД.
МНР РФ: Со новите санкции администрацијата на Обама им наштетува на САД
„И нас се обидуваат да нѐ „казнат“ за поддршката на владата на Сирија во борбата со тероризмот, кој ѝ се заканува не само на таа земја, туку на целиот свет. Одамна е забележано дека при сегашната администрација Вашингтон во својата намера за смена на власта во Сирија е подготвен да им помогне на сите деструктивни сили. Ја штити и покрива терористичката група „Џебхат ан Нусра“, која ги изврши најстрашните терористички напади во САД.
Очигледно ,Белата куќа заборавила дека според американското законодавство помагањето терористи е тешко кривично дело“, се вели во изјавата на руското МНР што ја пренесува РИА „Новости“.