Путин го означи почетокот на испораката на гас за Крим
Претседателот на Русија Владимир Путин го означи почетокот на испораката на гас за Крим од копнениот дел на Русија откако завршија работите за спојување на гасниот систем на полуостровот со магистралните гасоводи во Русија, пренесува РИА „Новости”.
Француски остриги и покрај ембаргото
Според зборовите на портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, почетокот на испораката на гас ќе „овозможи економски развој на Крим, реализација на програмата за развој на полуостровот”.
Во церемонијата преку видео-мост меѓу Москва и Крим учествуваа претседателот на Република Крим Сергеј Аксјонов и вршителот на должноста губернатор на Севастопол Дмитриј Овсјаников, како и генералниот директор на претпријатието „Черноморнефтегас” Игор Шабанов.
Вкупната должина на гасоводот е 358,7 километри, вклучувајќи го и двојниот приклучок преку езерото Тузла и Керченскиот теснец, како и гасоводот до Симферопол долг 27,3 километри.