Медиум: САД ја загубија улогата на светски полицаец
Според мислењето на изданието од 20 декември 2016 година „векот на Америка заврши со крах“. „Турција, Иран и Русија се сретнаа во Москва за да се занимаваат со Блискиот Исток. САД дури и не ги повикаа на состанокот“, напиша авторот на „Вашингтон Пост“.
Трамп ќе има проблеми
Од материјалот следува дека главни саботери и дисиденти на американскиот светски поредок се Русите, Иранците и Турците. Притоа Турција меѓу редови се обвинува и за предавство, затоа што е членка на НАТО.
Според мислењето на новинарот, Обама, без самиот да биде свесен за тоа, „радосно раководеше со исчезнувањето на влијанието на САД“. „Сириски Алепо се претвори во куп камења, стана место за смрт на илјадници луѓе и крах на американското влијание“, се вели во статијата, во која се истакнува дека Русија успеала да го направи за сирискиот режим она, што САД не успеаја да го направат за бунтовниците.
На крајот на материјал САД се нарекуваат светски полицаец, при што се истакнува дека со неговото исчезнување светот наводно ќе западне во крвав хаос, пренесува „Взгљад“.