Стејт департмент: САД не испорачуваат мобилни ракетни системи во Сирија
Портпаролот Тонер истакна дека Вашингтон е „крајно загрижен“ поради фактот што таков вид оружје се нашло во Сирија, пренесува „Взгљад“.
„Ние не ѝ испорачуваме мобилни ракетни системи на сириската опозиција. Тие изјави ги слушавме и претходно“, изјави Тонер.
РФ: Одлуката на САД за испорака на оружје во Сирија е „непријателски чекор“
Претходно Тонер изјавуваше дека САД не можат да ветат дека оружјето кое ѝ се испорачува на опозицијата во Сирија нема да се најде во рацете на терористите. Притоа претседателот на САД Барак Обама ги омекна мерките кои го ограничуваат Вашингтон во испораката на оружје во Сирија.
На пример, беше суспендирана важноста на некои ограничувања предвидени со законот за извозна контрола на САД, во однос на испораките на воена опрема и услуги за силите „кои ги поддржуваат специјалните операции на САД во борбата со тероризмот во Сирија“.
Притоа Белата куќа тврди дека вооружувањето го добиваат „Сириските елитни сили“, претходно непозната организација.