Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Декабрь
2016

Како реагираше јавноста на трагедијата со Ту-154?

0

Реакцијата на трагедијата со рускиот воен авион Ту-154, кој се урна утрото на 25 декември над Црното Море, во Русија и во светот не покажа заедничко сочувство. На овој ден, заедно со зборовите за поддршка, беа слушнати и многу непријатни, навредливи коментари на адреса на загинатите, од кои поголем дел се уметници од ансамблот за песни и танци „А.В. Александров“ на Министерството за одбрана на Русија.

„Во последниве години нивните настапи ги нарекува Распеано оружје на Кремљ. Така и беше. Да, тие пееја со еполети, ја извршуваа својата должност и не можеа да одбиваат ако ги испратат некаде на настап“, изјави пред „Домот на Александров“ (така викаат зградата во која работеа поголемиот дел од загинатите) шефот на Одделот за култура на Москва Александар Кибовски. Но, кој знае зошто фактот што овој ансамбл беше воен, за некои делови од општеството стана критично важно во изборот на изразните средства.

Ден на жалост

Во авионот се наоѓаа 92 лица - меѓу нив 68 уметници - главниот дел од ансамблот, девет новинари на државните телевизиски канали „Прв“, НТВ и „Звезда“, како и шефот на добротворниот фонд „Праведна помош“ Елизавета Глинка (позната во руското општество како Доктор Лиза), која ги спасуваше децата во зоните на борбени дејства, која отвораше болници за бездомниците низ земјата. Уметниците патуваа на новогодишен концерт во сирискиот град Алепо, а Доктор Лиза во авиобазата Хмејмим, за да достави лекови во универзитетската болница во Латакија.

„Не можам да поверувам (((И плачам цело време“, напиша на Фејсбук новинарката на Комерсант Ана Занина "#Сочувство Ту-154 леташе за да им ја честита на нашите војници во Сирија Новата година. Тоа е страшно, пријатели!“, напиша корисничката Ксенија Бугаева.

По што е познат ансамблот „А.В. Александров“?

Од утрото во неделата пред зградата на „Праведна помош“ во Москва и на „Домот на Александров“ луѓето носат цвеќиња, а пред влезовите стојат две амбулантни возила, комуналните служби брзо го чистат дворот од сивиот снег. Некои ги познаваа загинатите, но многумина дојдоа да им оддадат почит на непознати за нив луѓе, на кои човечки им е жал.

„Доктор Лиза помагаше на милиони луѓе во светот, независно од бојата на нивната кожа и верската припадност, секојдневно даваше надеж за чудо. Денес, дознаваме за трагедијата со Ту-154, сите се надевавме на чудо. За жал...“, напишаа дента.

26 декември во Русија беше прогласен за ден на жалост, од етерот на државните телевизиски канали беа симнати забавните програми. Со името на Елизавета Глинка ќе биде именувана детска болница во Чеченија и палијативни центри низ целата земја.

Реакцијата на Украина

По катастрофата на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат коментари на Украинците и на украинските медиуми. „Исмејување“ и „радост“ од смртта - така ја нарекоа оваа реакција на Украинците руските изданија. Веста за загинувањето на сите кои биле во овој авион, беше придружена со коментари од типот „каква прекрасна вест“, „концерт на денот“ и слични несоодветни саркастична фрази.

„Жртвите никогаш не тагуваат за загубите на војниците на агресор. Жртвите, ако не се надвор од умот, не можат да предизвикаат искрено сочувство за падот на авионот на Министерството за одбрана на непријателот... Русите, изненадени од реакцијата на Украинците, сигурно заборавиле на Крим и на Донбас“, напиша Украинецот Ајдер Муждабаев, кој е заменик на генералниот директор на ТВ каналот AT.

Советникот на претседателот на Украина Јуриј Бирјуков, по падот на авионот, предложи да однесе пред амбасадата на Русија „шише Бојаришник“ - козметичко средство кое содржи алкохол со кое се неодамна во сибирскиот град Иркутск се затруа и за неколку дена починаа повеќе од 70 лица. „Ова е најпарадоксален парадокс - жителите на соседската орда искрено не ги разбираат причините поради која уживаме искрено на загинувањето на 80 припадници на армијата на ордата. <...> Падна авион на Министерството за одбрана на РФ... Имам само една желба - да однесам пред амбасадата на оваа орда шише Бојаришник“.

Имаше и такви кои повикаа да не се сметаат овие реакции како мислење на целиот украински народ. „Глупаво е да кажеме дека тоа не е напишано од Украинците. Тоа се луѓе без ДНК, каква е разликата каков е тој според пасошот - луѓето кои го пишуваат тоа, се без минато и без иднина - рече во своето видеообраќање украинскиот блогер Анатолиј Шари. - Таму кој загина, војници ли? Не, обични луѓе ... би сакал искрено да се извинам заради овие луѓе (дел од Украинците - заб. ред.). има милиони мои сонародници, кои никогаш не би го направиле тоа“.

„Може да сте против Путин, против војната ... но едноставно помолчете“

Во Русија за многумина остана несфатлива реакцијата на некои либерални заедници. Голем одѕив предизвикаа позициите на социјалните мрежи на светскиот аналитичар Божена Ринска и на новинарот Аркадиј Бабченко.

„Станувам [наутро] и што ќе видам. Целиот ансамбл Александров... целиот! Не целата екипа на НТВ ... Но, зошто токму музичарите? Зошто еден прекрасен ансамбл? Благодарам, се разбира, на Господ за бонусот во форма на екипата на НТВ, но останатите зошто?“ - напиша Божена, но подоцна постот беше избришан од администраторот на Фејсбук. Божена ја објасни својата позиција со тоа што во 2013 година „само што не умрела поради физичко гонење од НТВ“.

Зошто се урна Ту-154?

„Кај мене нема ниту сочувство, ниту жал. Не им изразувам сочувство на роднините и на блиските. Како што не изрази ниту еден од нив. Продолжуваат да пеат и да танцуваат во поддршка на власта или да го загомнуваат екранот на телевизорот дури и по својата смрт. Имам само едно чувство - да плукам“, изјави Бабченко и истакна дека загинатите биле организациски соработници на Министерството за одбрана на Русија.

Други најдоа директна врска помеѓу трагедијата и активностите на Русија во Сирија, па побрзаа да ја префрлат вината врз претседателот на РФ Владимир Путин, ширејќи го низ социјалните мрежи постот „не е ли време да заврши тренингот“, со пресметување на сите воени загуби на Русија во Сирија, списокот на загинатите над Синај во октомври минатата година (224 лица) и убиството на амбасадорот на РФ во Турција.

„Како да се однесуваме кон тоа - тоа е лична одлука на секој, но да се расудува за законитости на смртта е ниско и недостојно“, напиша новинарот и член на претседателскиот Совет за развој на граѓанското општество и правата на човекот Станислав Кучер. „Може да сте против Путин, против војната воопшто и против руските воени операции во Сирија. Може да не гледаат телевизија и да ја презирате пропагандата. Но, да се радувате јавно на смртта на свои сограѓани (или да го изразувате своето „неутрално“ мислење за темата со фрази како „воопшто не ми е гајле“, „воопшто не ми е жал“, итн. во овој дух) - не бива... Едноставно помолчете“.





Губернаторы России
Москва

Собянин утвердил проект строительства общественно-делового центра в ЗАО





Москва

«ЯРКО» провела развлекательную программу на фестивале «Крутая песочница»


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин утвердил проект строительства общественно-делового центра в ЗАО



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Николай Цискаридзе

«Выводил на сцену»: Цискаридзе рассказал о своей помощи Волочковой




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

«Этот спорт воспитывает силу и упорство»: Вице-спикер Народного Хурала Бурятии приняла участие в открытии чемпионата России по гиревому спорту

Московские школьники завоевали четыре медали на престижной Международной олимпиаде

Резидент «Инсайт Люди» Дмитрий Зубов 12 июня установил мировой рекорд по чеканке мяча в «Лахта Центре»


Уимблдон

Соболенко и Димитров вместе потренировались на «Уимблдоне»



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

В Москве произошло массовое отравление, 10 человек в больницах с серьёзным диагнозом



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России