Амбасадата на Русија гранатирана во Дамаск
Амбасадата на Русија во сириски Дамаск беше гранатирана, соопшти Министерството за надворешни работи на РФ на својот сајт.
Русија и Турција договорија план за општо примирје во Сирија
„Една граната, која поради среќна околност не експлодираше, падна во внатрешниот двор на комплексот на административните згради на руската дипломатска мисија. Втората – во непосредна близина на нејзината територија. Во деминирањето на неексплодираната муниција се вклучени деминери“, прецизира МНР РФ, пренесува „Газета.ру“.
Министерството истакнува дека гранатирањето на амбасадата во Дамаск претставува „провокација на екстремистите кои се залагаат против мирно решение во Сирија“.
Покрај тоа, министерството ги повикува сите „кои реално се спротивставуваат на предизвиците и заканите од тероризам“ категорично да ги осудат нападите врз дипломатската мисија во Сирија.