Руските дипломати полетаа од Вашингтон
Руските дипломати кои беа протерани од администрацијата на претседателот на САД Барак Обама со специјален лет го напуштија Вашингтон, пренесува „Газета.ру“ повикувајќи се на прес-службата на амбасадата на РФ во Вашингтон.
САД воведуваат нови санкции и протеруваат 35 руски дипломати
„Авионот полета, сите одлетаа“, соопшти амбасадата.
Претходно беше соопштено дека во Вашингтон слетал специјален авион со кој треба да се вратат во Русија дипломатите протерани од САД.