Во терористичкиот напад во Истанбул загина државјанка на Русија
„Информацијата за загинување на руска државјанка се потврдува. Станува збор за девојка која првично се сметаше за државјанка на Азербејџан. Утврден е нејзиниот идентитет, документите го потврдуваат руското државјанство“, изјави службеник на рускиот генерален конзулат во Истанбул, пренесува „Взгљад“.
Тој исто така вети дека дипломатите ќе им ја пружат максималната можна поддршка на роднините на загинатата.
Путин му изрази сочувство на Ердоган во врска со нападот во Истанбул
Претходно руската дипломатска мисија соопшти дека нема Руси меѓу загинатите и повредените во нападот.
Потрагата по извршителите на терористичкиот напад во новогодишната ноќ во клубот „Реина“ во Истанбул продолжува.
Полицијата се сомнева во државјанин на Узбекистан или Киргистан, поврзан со терористичката група „Исламска држава“, соопштува телевизијата CNN Turk повикувајќи се на полициски извори.