Русија меѓу најпривлечните земји за инвестиции
Во 2017 година Русија ќе биде на списокот на најпопуларните пазари во развој меѓу инвеститорите, соопштува агенцијата „Блумберг“.
„Руската рубља главниот влог за инвеститорите кои се интересираат за валутите на земјите со ниски каматни стапки и купуваат високодоходовни хартии од вредност“, истакнува агенцијата, пренесува РИА „Новости“.
Како руската економија „исплива“ од 2016 година?
Според процените на швајцарската банка UBS Group AG, повратот на инвестициите во рубљата според стратегијата carry trade во 2017 година ќе изнесува 26%, што е најдобар резултат меѓу пазарите на Европа, Блискиот Исток и Африка.
На листата исто така се најдоа ЈАР, Мексико, Бразил Чиле, Индија и Индонезија.
Аналитичарите истакнуваат дека во сите наведени земји се забележува подобрување на политичката клима. Покрај тоа, активите на наведените пазари се помалку ранливи на надворешни шокови, предизвикани од покачувањето на каматната стапка на Федералните резерви на САД и ризиците, поврзани со изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.