Вооружената сириска опозиција ја запира подготовката за преговори во Астана
Вооружени групи на сириската опозиција побараа од Дамаск „да го почитува договорот за прекин на огнот“. Во заедничката изјава 12 групи, предводени од т.н. Слободната сириска армија (FSA) соопштија дека ги „замрзнуваат сите контакти поврзани со подготовката за преговорите во Астана планирани за крајот на јануари 2017 година“. Текстот на изјавата го објави во понеделникот телевизиски канал „Ал Арабија“.
Берлин предлага во Астана да се разговара и за иднината на Асад
Во него се тврди дека владината армија и одредите што ја поддржуваат неколку пати го прекршиле прекинот на огнот во долината Вади Барада и регионот Источна Гута во близина на Дамаск, како и во провинциите Хама и Дераа. ССА и нејзините сојузници предупредуваат дека ги прекинуваат подготовките за преговорите во Астана „сѐ додека не биде ставен крај на кршењето на примирјето од страна на режимот“.
Блискиот до власта весник „Ал Ватан“, од своја страна, соопшти дека војниците и милицијата отвориле неколку пати возвратен оган врз позициите на непријателот. Информативната агенција САНА пренесе дека биле извршени напади врз позициите на терористите на „Исламска држава“ и „Џебхат ан Нусра“, за кои не важи прекинот на огнот.
Примирјето стапи на сила и важи на целата територија на Сирија, 20 октомври 2016, пишува ТАСС.