Марин Ле Пен: враќањето на Крим во состав на Русија беше законско
Враќањето на Крим во состав на Русија беше легално, убедена е лидерот на францускиот „Национален фронт“ Марин Ле Пен, пренесува ТАСС.
„Не мислам дека присоединувањето (на Крим) беше незаконско: беше организиран референдум, жителите на Крим гласаа за присоединување кон Русија“, изјави Ле Пен во програмата на телевизијата BFM-TV. „Не гледам никаква основа да се стави под сомнение тој референдум“.
Властите на Франција не го признаваат враќањето на Крим во состав на Русија.
Чиј е Крим?