Националното разузнавање на САД „длабоко загрижено“ поради работата на РТ
„Што се однесува до РТ, таа е многу сериозно поддржана, финансирана од страна на руската влада. И таа многу активно промовира одредена точка на гледање, занемарувајќи го нашиот систем, припишува (на САД) лицемерие во однос на човековите права и така натаму“, изјави Клапер на сослушувањето во Сенатот во врска со прашањето за борба против сајбер-заканите.
Разузнавање на САД: „Офанзивната сајбер-програма“ на Русија е голема закана
Тој додаде дека меѓу другите видови на информативни активности на Русија против САД спаѓаат објавувањето на „лажни вести“ и „користењето на социјалните мрежи“. Притоа Клапер не наведе докази за неговите зборови.
„Мислам дека збирот од сето ова (активностите Русија), без оглед на добиениот ефект кој ние не можеме да го измериме, мене не само како директор на националното разузнавање, туку и како граѓанин, крајно ме загрижува“, изјави тој, пренесува РИА „Новости“.
Клапер ја напушта својата функција на 20 јануари, по стапувањето на должност на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп.