Обама:Некои републиканци му веруваат на Путин повеќе отколку на демократите
Претседателот на САД Барак Обама смета дека некои Американци, особено поддржувачите на Републиканската партија, повеќе му веруваат дека шефот на руската држава Владимир Путин отколку на демократите. Ова Обама го изјави во интервју за телевизијата Еј-Би-Си, од кое дел беше прикажан во петокот.
Америка на Трамп се среќава со Русија на Путин
„Ќе бидам искрен со тебе, Џорџ (водителот на Еј-Би-Си), едно од нештата кои ме загрижуваат е степенот во кој неодамна видовме многу коментари во кои републиканци или експерти или коментатори за кои се чини дека имаат поголема доверба во Владимир Путин отколку во своите сограѓани Американци затоа што тие сограѓани Американци се демократи. Така не треба да биде“, изјави Обама.
Обама одби да прецизира дали тој мисли на новоизбраниот претседател - републиканецот Доналд Трамп. „Ќе кажам само една работа, веќе го кажав тоа по изборите, треба да се потсетиме дека ние сме во ист тим. Владимир Путин не е во нашиот тим“, рече Обама.