Трамп ќе ги задржи антируските санкции „некое време“
Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп има намера да ги задржи санкциите против Русија на почетокот од неговото претседателствување.
Америка на Трамп се среќава со Русија на Путин
Ова Трамп го изјави во интервју за весникот „Вол Стрит Џурнал“.
Како што пишува изданието, Трамп ја соопшти неговата намера да ги задржи во сила важечките рестриктивни мерки против Русија „барем некое време“. Притоа тој изјави дека може да ги укине санкциите доколку Москва се покаже корисна во борбата против тероризмот, како и во достигнувањето други цели кои се важни за САД, истакнува изданието.
„Ако стоиш добро со Русија и Русија навистина ни помага, зошто да ги задржиш санкциите ако некој прави навистина добри работи“, ги цитира весникот зборовите на Трамп.