Плевнелиев го советува Радев да размисли за ставот за Крим
„Кога продолжуваме да тврдиме дека де јуре Крим е дел од Украина, а де факто руски, затоа што таму е истакнато руското знаме и за иднината на Крим треба да се прашаат неговите жители, тогаш таа теза не ја споделува ниту еден европски лидер“, ги цитира зборовите на Плевнелиев агенцијата „Новините“.
Плевнелиев: Русија се обидува однатре да ја растури ЕУ
Тој исто така го предупредува Радев дека „секоја негова одлука или позиција по секое прашање автоматски ќе стане државна позиција на Бугарија кога тој ќе стапи на функцијата претседател на земјата“.
Мандатот на Плевнелиев завршува на 21 јануари. На 22 јануари функцијата претседател на Бугарија ќе ја преземе Румен Радев, пишува РТ на руски.