Патрушев: Некои држави ги поддржуваат терористите
Русија постојано добива нови докази како потврда на соработката на терористите како со некои држави, така и со влијателни странски компании, изјави секретарот на Советот за безбедност на РФ Николај Патрушев.
„Се работи за откуп на нафта и други видови суровини од терористите, како и за исплата на паричен надомест за добиени дозволи за производство и транспорт на стоки на териториите кои тие ги контролираат“, изјави Патрушев во интервју „Росијскаја газета“.
"Голема поддршка на ИДИЛ даваат мирните жители"
Според него, „да се пресече таквата пракса е задача на сите без исклучок земји, кои изјавуваат дека му се спротивставуваат на тероризмот“.
Зборувајќи за тоа колку е ефикасна соработката на Русија со другите држави во борбата против меѓународниот тероризам, секретарот на Советот за безбедност на РФ истакна дека во прв ред е постигнат успех во интензивирањето на работата во Советот за безбедност на ОН.
„Русија придонесе за донесување важни резолуции насочени кон борба со ИДИЛ и другите терористички организации, како и против финансирањето тероризам“, додаде Патрушев.