Расте бројот на обиди за хакирање на информатичките системи на Русија
„Тоа се и случаи на хакерство и несанкционирано прибирање на лични податоци. Широко се користат светските оператори и провајдери, а методите на примена постојано еволуираат“, изјави Патрушев во интервју за „Росијскаја газета“.
Исто така, тој истакна дека администрацијата на Барак Обама ја обвинува Русија за хакерски напади, игнорирајќи го фактот дека главните интернет-сервери се наоѓаат на територијата на САД и се користат од страна на Вашингтон за разузнавачки и други цели, насочени кон задржување на нивната доминација во светот.
Секретарот на Советот за безбедност на РФ додаде дека на меѓународна свена стратешка цел на Русија е формирањето систем кој би се базирал на оптоприфатени правила за одговорно однесување на државите во информатичкиот простор.
Руските „сајбер-единици“ меѓу најдобрите на светот